Pro Climate - dm разви производи кои се неутрални за животната средина

 

Во соработка со Техничкиот универзитет во Берлин, на основа на една засега единствена, научно заснована метода, dm разви нова линија на производи, кои не само што се неутрални за климата, туку се неутрални за животната средина. Влијанијата врз животната средина, кои настануваат при производство и одлагање на производите се целосно анализирани и редуцирани. 

Производите се креирани со најдобар можен еко-биланс, додека неизбежните еколошки влијанија се компензираат во пет категории на животната средина: емисија на CO2 гасови, закиселување на водата и почвата, фотохемиски смог, еутрофикација и оштетување на озонската обвивка.

Со Pro Climate производите проширена е понудата на dm марките Denkmit, alverde, Sundance, Jessa и Sanft&Sicher, а таа опфаќа тоалетна хартија, циклусни влошки, производи за сончање, нега на коса, тело и лице, како и детергенти за миење садови и перење алишта. Моментално, на полиците на dm, може да се најдат 13 нови производи од линијата „Pro Climate“.

,,Една од најважните цели на dm е придонесот да ја заштити животната средина во секој сегмент од нашето работење, а производите од сопствените dm марки во тоа играат голема улога.  Лидерската позиција на пазарот сакаме да ја искористиме за да поставиме нови, одржливи стандарди на работење. Затоа, во понудата на dm марките развивме нова линија производи - Pro Climate, со кои придонесуваме за обновување на еколошката рамнотежа преку процеси за ренатурација. Ќе продолжиме да ја усовршуваме својата понуда и да воведуваме иновации за да го намалиме влијанието на работењето врз животната средина, а со тоа на потрошувачите да им овозможиме да влијаат врз нејзината заштита преку изборот на производи’’, изјави Предраг Петровиќ, раководител на секторите Набавка и маркетинг, логистика, прокурист во dm С.Македонија и Србија.

Сеопфатна анализа, редукција и компензација

Процесот на изработка на Pro Climate производите е поделен во 3 чекори. Во првиот чекор сеопфатно се анализирани влијанијата врз животната средина кои се јавуваат во текот на целиот животен циклус на производот, од собирање на суровини, производство, транспорт, употреба па сѐ до одлагање. 

Во вториот чекор, штетните влијанија врз животната средина се намалуваат што е можно повеќе преку оптимизација на производствените процеси (намалена употреба на суровини и амбалажи).

Третиот чекор опфаќа компензација на неизбежните штетни влијанија од фазите на производство и одлагање, вклучувајќи го и собирањето на суровини. Компензацијата се врши во соработка со германската компанија HeimatERBE GmbH, со вложување во проекти за ренатурација на подрачја со ниска еколошка вредност или контаминирани подрачја. 

Со лансирањето на новата линија на Pro Climate производи компанијата уште еднаш на дело го докажа еден од своите основни принципи за примерно и одговорно работење во своето опкружување.