Привремено не работи жичарницата на Водно

ЈСП Скопје информира дека жичарницата од утринава, времено не е во функција поради силниот ветер.

Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.

-Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичарницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците - информира ЈСП.