Привремено асфалтирана улицата „Бутелска"

На барање на граѓаните на Бутел деновиве се изврши привремено асфалтирање на дел од улицата Бутелска, со цел олеснување на одвивањето на сообраќајот.

На улица Бутелска изминативе неколку месеци се извршуваат градежни работи каде по оваа сообраќајница за првпат се поставува атмосферска канализација, на потег од кружниот тек на влезот од населбата до крстосницата со улицата „Александар Урдаревски“.

По завршувањето на сите фази од изградбата на атмосферската канализација, улицата Бутелска целосно ќе биде реконструирана.