Привремен сообраќаен режим во центарот на Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на активностите од Европската недела на мобилноста 2018, утре /22.09.2018 година, сабота/ во периодот од 10 до 14 часот за сообраќај ќе бидат затворени делови од улиците Димитрие Чуповски и 11 Октомври, на потег од крстосницата со улицата Даме Груев и булеварот ВМРО до улицата Филип Втори Македонски, а моторниот сообраќај ќе биде пренасочен по околните улици.