Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот „Босна и Херцеговина"

Од денес (21.01.2021 година, четврток), поради изведување на градежни работи на дел од бул. "Босна и Херцеговина", во општина Бутел, ќе биде воведен изменет режим на сообраќај, па оттука комплетно ќе биде затворена постоечката коловозна лента којашто крстосува со бул."Христијан Тодоровски - Карпош", до другата страна со ул."Ќемал Сејфула".

За движење на сообраќајот ќе се користи новоизградената коловозна лента во два правци (двонасочно). Времениот сообраќаен режим ќе важи до завршување на градежните активности.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, како и да ја искористат околната улична мрежа за да стигнат до посакуваните дестинации.