Привремен сообраќаен режим на четири делници во Скопје

Градските власти информираат дека в недела на четири локации во Скопје ќе се воведе привремен сообраќаен режим со кратки прекини на сообраќајот.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ в недела ќе поставуваат сообраќајни знаци со променлива содржина (VMS) на булеварот „Борис Трајковски“, кај влезот во поранешната фабрика „Стакларница“, на Јадранска магистрала кај натпатникот за Визбегово и на новоизградениот булевар „Христијан Тодоровски – Карпош““ во Бутел, а ќе се обележува и хоризонталната сообраќајна сигнализација на крстосницата на улицата „Козле“ со улицата „Брадфорска“.Работите ќе се изведуваат од 7:30 до 15 часот.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација на овие делници и да ја приспособат брзината на движење со условите на патот.