Привремен сообраќаен режим на четири делници во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во недела екипите на ЈП „Улици и патишта“ ќе поставуваат сообраќајни знаци со променлива содржина (VMS) на булеварот Борис Трајковски, кај влезот во поранешната фабрика „Стакларница“, на Јадранска магистрала кај натпатникот за Визбегово и на новоизградениот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел, а ќе се обележува и хоризонталната сообраќајна сигнализација на крстосницата на улицата Козле со улицата Брадфорска.

Поради тоа, на четирите локации ќе се воведе привремен сообраќаен режим со кратки прекини на сообраќајот. Работите ќе се изведуваат во временскиот период од 7:30 до 15 часот.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација на посочените делници и да ја приспособат брзината на движење со условите на патот.