Синоќа, во 00:10 часот на подрачјето на Аеродром од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен 23-годишниот Д.Т. од Скопје, бидејќи при преглед кај него е пронајдена марихуана.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.