Приведено лице од тетовско за издржување на затворска казна

На 09.04.2021 во 13.40 часот во с.Церово, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по судска наредба од Основен суд Тетово, го лишиле од слобода В.Б.(21) од с.Церово, кој се барал за издржување на казна затвор.

Лицето е приведено и спроведено во Казнено-поправната установа Затвор - Тетово за издржување на затворската казна.