Приведено лице од Албанија - недозволено тргувал со охридски белвици

53-годишник од Република Албанија е приведен, бидејќи кај него биле пронајдени 177 парчиња охридска белвица, со кои нелегално тргувал. 

Лицето било приведено од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Св.Наум.

Имено, од МВР информираат дека при контрола во патничко возило „фолксваген туран“, со албански национални ознаки, кое го управувал 53-годишникот, биле пронајдени 177 парчиња охридска белвица, кои биле предмет на недозволена трговија од Република Северна Македонија кон Република Албанија.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, се вели во соопштението на МВР.