Приведено едно лице откако во товарно возило биле пронајдени 679 парчиња брендирана облека без документи

Вчера околу 16.30 часот на патниот правец од Богданци кон село Фурка, дојранско, полициски службеници го привеле 59-годишниот Б.Г. од Струмица откако во товарно возило кое тој го управувал биле пронајдена поголема количина на брендирана облека.

„При контролата во возилото биле пронајдени и одземени вкупно 672 парчиња брендирана роба за која не поседувал соодветна документација. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 285 од Кривичниот законик“, известуваат од полицијата.