Приведени тројца скопјани, објавиле лажни закани за можен терористички напад во трговски центар

По објава на два видео клипа на „Тик ток“ со, како што е подоцна утврдено, лажни закани за можен терористички напад во еден трговски центар во Скопје на 28.11.2021 во 19 часот, веднаш се преземени соодветни мерки од страна на МВР-БЈБ-Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал/Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, СВР Скопје и Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика и Агенцијата за национална безбедност.

Преземени се потребните безбедносни мерки, а утврдени се и лицата- можни креатори на лажните видеа. Известен е јавен обвинител, по чии насоки се обезбедени наредби за претрес на дом кај Н.С. во с.Студеничани и У.И. во Скопје. При претресот на втората локација најдени се дигитални уреди преку кои се објавени лажните видеа.

Приведени се Н.С., У.И., како и неговиот син А.И.. Во службениот разговор, А.И. признал дека тој ги изработил и пласирал лажните видеа.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.