Приведени тројца малолетници, на постојка нападнале жена за нејзините златни ланчиња

СВР Скопје – ЕВР Аеродром и Драчево од слобода лиши тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

На 22.09.2020 во периодот од 10.30 до 11.00 часот на автобуска постојка на ул„11 Октомври“ во Скопје, Ј.П(67) од Кратово пријавила дека со употреба на сила од вратот и биле одземени две златни ланчиња, стои во денешното соопштение од МВР.

По преземени мерки од страна на полициски службеници, се наведува, сторителите биле пронајдени и од нив биле одземени ланчињата.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.