Приведени тројца бугарски државјани, се обиделе физички да нападнат полицајци

Бугарски државјани предизвикаа инцидент на Граничниот премин „Деве Баир“, откако падна системот, по што три лица биле приведени.

- Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35), А.Х(50) и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале, а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот, информира МВР.