Приведени три лица од Скопје, при претрес на возило најдена дрога

Во 19:45 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, вчера полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода З.Д.(33), С.Н.(29) и И.Н.(26), сите од Скопје, соопштија од МВР.  При преглед во возилото во кое се превезувале била пронајдена прашкаста материја и предмети кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“, информираат од таму.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријави по член 215 и по член 236 од Кривичниот законик.