Приведени малолетници во Скопје

На 21.05.2019 година околу 16:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кејот на реката Вардар, во близина на угостителски објект, двајца малолетници од Скопје на возраст од 13 и 14 години физички нападнале 14-годишник од село Инџиково и му го одзеле мобилен телефон.

Од страна на случаен минувач нападот бил спречен и тој ги однел напаѓачите кај полициски службеници кои биле во близина, по што биле приведени во полициската станица Центар.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.