Приведени крадци во центарот на Скопје

Полициски службеници во текот на вчерашниот ден уапсиле две лица.

- На 17.01.2023 во 12.40 часот на паркинг во центарот на Скопје полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар ги лишија од слобода Е.К.(34) и О.Р.(39), поради основано сомнение за сторено кривично дело тешка кражба, информира МВР.

Како што соопшит МВР, при преглед кај нив се пронајдени повеќе предмети кои биле користени при извршување на кривичното дело, како и предмети за кои постои основано сомнение дека се поврзани со кривично дело.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.