Приведени крадци од Скопје

Министерството за внатрешни работи информираше дека полициски службеници од СВР Скопје на 06.01.2021 ги привеле А.К. (28) и М.К. (28) од Скопје кои истиот ден во 17.50 часот извршиле тешка кражба во куќа на бул Партизански одреди.

Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности и сторителите се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена содветна пријава, се вели во соопштението од полицијата.