Приведени крадци кои ограбиле аптека

На 29.03.2022 во 22.30 часот на подрачјето на Чаир полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишија од слобода Д.Д.(50) од Скопје, постапувајќи по пријава од 20.00 часот за извршено разбојништво во аптека на подрачјето на Кисела Вода.

Денеска околу 08.00 часот од полициски службеници од ПС Кисела Вода на подрачјето на Кисела Вода бил лишен од слобода Ж.Д.(43) од Скопје за истото кривично дело. Кај него биле пронајдени предмети со кои е извршено кривичното дело.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава за двете лица.