Приведени две момчиња по тепачка во Градски парк

Во Полициската станица Кисела Вода вчера приведени се С.Љ.(21) и Д.М.(21), двајцата од Скопје.

-Лицата се приведени поради сомнение дека околу 15.10 часот во Градски парк кај езерцето,  физички ги нападнале Е.К.(24), Љ.К.(19) и М.Б.(18), сите од Косово.

За случајот е известен е Јавен обвинител, а по документирање на истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.