Привeдeни две лица во врска со престрелката во Ѓорче Петров во која беше рането едно лице

Во текот на вчерашниот ден околу 16:40 часот пријавено е дека во Скопје,на кружниот тек во н.Ѓорче Петров кај црквата Св.Петар и Павле, лице од возило „Голф“, пукало кон возило “мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З. Р.

Според првичните информации З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8-ми Септември” за укажување на помош.

Како што пренесе КУРИР, ранетото лице е син на поранешен верски лидер во Македонија и станува збор за Зекљуљ Реџепи.

Полицијата синоќа за нападот привела две лица, а повеќе детали се очекуваат во текот на денешниот ден.