Приведени две лица во Тетово за издржување затворски казни

На 18.05.2022 во периодот од 09.50 до 11.30 часот на улица „Илинденска“ и улица „180“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судски наредби, ги привеле Ш.А.(63) од тетовско Рогле и Е.Р.(21) од Тетово за издржување на затворски казни.

По приведувањето, лицата биле предадени во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казните.