Приведени две лица од Скопје, биле фатени на дело како го товараат украденото

Вчера  во кругот на фабрика на ул.Владимир Полежановски во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје од слобода биле лишени Е.А.(31) и С.А.(43), двајцата од Скопје.

Тие биле фатени на дело како во патничко моторно возило “поло” со гостиварски регистарски ознаки го товараат украденото.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.