Приведени двајца скопјани кои украле мобилен телефон

 

Вчера, во 17.20 часот, на бул. „Никола Карев“ во Скопје, биле лишени од слобода 27-годишник и 29-годишник, од Скопје, бидејќи извршиле разбојништво. 

Од МВР ги соопштуваат деталите за случајот:

-На 04.10.2022 во 17.20 часот на бул.„Никола Карев“ во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје лишени се од слобода Н.Љ.(27) и М.Љ.(29), двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава според која непосредно пред тоа, на подрачјето на Кисела Вода, сториле кривично дело „разбојништво“, при што од едно лице одзеле мобилен телефон. По преземени мерки и активности сопрено е патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале двете осомничени лица, тие се приведени во полициска станица, а кај нив е пронајден одземениот предмет - се вели во соопштението.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.