Приведени двајца разбојници од Скопје

На 28.01.2023 полициски службеници од Полициската станица Центар и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.М.(42) и Е.М.(20), двајцата од Скопје. 

Тие се сомничат дека претходно извршиле кривично дело „разбојништо“, при што од З.С.(19) од Скопје, одзеле пари. Притоа, кај С.М. биле пронајдени одземените пари и ќе бидат вратени на сопственикот.  

Двете лица се задржани во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.