Приведени двајца крадци, расчистени три кривични дела

Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево, по преземени мерки и активности, расчисти три кривични дела извршени на бул.„Јане Сандански“, на подрачјето на ЕВР Аеродром и Драчево и од слобода ги лиши Р.А.(42) и Б.Е.(41), двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека заедно на  24.01.2022  извршиле тешка кражба на дрзок начин во обид врз М.Б.М.(32) од Скопје, а на 31.01.2022 во пекарница извршиле џепна кражба од Н.П.С.(28) од Скопје.

Р.А., пак, се сомничи дека на 10.02.2022 извршил тешка кражба на дрзок начин, при што од Б.Н.(44) од Скопје одзел паричник.

Тие биле приведени во полициска станица против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.