Приведени двајца крадци од Скопје - одземале пари и лични предмети

Двајца скопјани се лишени од слобода, поради основани сомненија дека сториле две кривични дела: разбојништво и тешка кражба. 

Од МВР со соопштение за настанот: 

-На 20.09.2022 на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.Д.(46) од с.Вражале, скопско и И.П.(33) од Скопје поради основано сомнение дека сториле две кривични „разбојништво“(на 27.08.2022 и 16.09.2022 на подрачје на Центар) казниви по член 237 од Кривичниот законик и едно кривично дело „тешка кражба“ казниво по член 236 од Кривичниот законик, сторено на 19.09.2022 на подрачје на Центар, при што на оштетените им одземале пари и лични предмети. - стои во соопштението. 

За настанот бил известен Јавен Обвинител и по целосно докумнетирање и расчистување на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.