Приведени двајца крадци - краделе во куќа во скопско Морани

37-годишник од Скопје и 33-годишник од Косово, се лишен од слобода, бидејќи извршиле кражба. 

Имено, двете лица се приведени во с. Студеничани, скопско, утрово во 05.40 часот. Полициските службеници постапиле по пријава на лице, според кое, двајцата приведени, од неговата куќа на место викано „Кочинар“, во скопско Морани, одзеле разни предмети, информираат од МВР. 

Од министерството додаваат дека украдените предметите се пронајдени во патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, со кое се превезувале пријавените, и се вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.