Приведени двајца дилери на дрога во Гевгелија

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија вчера во 15.00 часот го лишиле од слобода М.П.(42) од Гевгелија. При преглед на патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден амфетамин.

- Истиот ден, во 17.45 часот, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода и Д.Д.(39) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени прашкаста материја, марихуана, семки од марихуана и дигитална вага, информира МВР.

За настаните е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.