Приведени четворица за минатонеделното убиство во Чаир

Четири лица утринава биле приведени за убиството на 24 годишното момче кое што се случи минатата недела во Чаир.


Дали меѓу нив е и лицето кое пукало или станува збор за лица кои на каков било начин се инволвирани со настанот, засега нема информации. 

На 20 декември попладнето во Чаир, на улицата Џон Кенеди, пред средното училиште „Цветан Димов”, беше пукано во Бујар Идризи (1993) од Скопје кој излегувал од своето „југо-45“.

Момчето беше пренесено во Ургентиот центар без знаци на живот, а и 45-минутна реанимација беше безуспешна.