
Четиринаесет млади лица, меѓу кои шестмина малолетници, биле приведени рано утрово по физичка пресметка на подрачјето на Центар во Скопје.
Како што информира МВР, денеска во 03:00 часот полициски службеници од СВР Скопје ги привеле М.Е. (19), Г.С. (19), И.Р. (20), А.М. (20), Л.Ѓ. (19), А.А. (19), В.Г. (19) и Ж.А. (20), како и шест 17-годишници, сите од Скопје.
Според полицијата, тие го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
По целосно документирање на случајот, против учесниците ќе следуваат соодветни поднесоци.