Приведени 12 лица при контрола во угостителски објекти во Скопје

Во текот на 13/14.05.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршени се контроли во угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје. Притоа, од слобода се лишени 12 лица, од кои 11 од Скопје и едно од Охрид, бидејќи кај нив е пронајдена дрога.

Од нив, кај седум лица е пронајдена марихуана, кај четворица бела прашкаста материја, а кај едно и марихуана и кокаин. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.