Приведена девојката која пушеше марихуана во Скопје

Девојката која тврдеше дека пуши марихуана јавно на улиците на Скопје е приведена доцна попладнево.

Додека ја приведувале девојката, новинарката Кристина Мачкиќ од Dosie.mk фотографирала со телефонот, но полицијата и го одзела и барала се да избрише. Новинарката Мачкиќ кажа дека објаснувањето на полицијата било дека немала камера и не знаеле со сигурност дека е новинар, јавува порталот А1он.

-Се понудив да одам во станица и да ги видат фотографиите, посебно што беа сликани од грб и не се гледаше лик на ниту еден полицаец, но ги избришаа, вели за А1ОН Мачкиќ која воедно е член на Управниот одбор на ЗНМ.

Вчера девојка пушеше јавно марихуана на улиците на Скопје и на видеото објавено на социјалните мрежи повика сите тоа да го прават зошто доаѓа слободата.