Приведена 65-годишна скопјанка - недолично се однесувала кон помлад сопственик на стан со кого требало да склучи договор за закуп

Синоќа во 21:25 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле 65-годишната Л.Ј. од Скопје.

Во полицискиот билтен се наведува дека таа била приведена по претходна пријава дека во ходник од станбена зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и се однесувала недолично кон 52-годишниот И.К., сопственик на стан, со кого Л.Ј. требало да склучи договор за закуп на стан, но истата одбивала.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.