Вчера во 11.15 часот во село Долно Палчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ја привеле Ф.Ј.(22) од с.Добарце, тетовско, со престој во Тетово, која била барана по централна и меѓународна потерница за издржување на казна затвор од шест месеци за сторено кривично дело по член 216 став 2 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Таа била спроведена во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.