Приведен велешанец, треба да одлежи 8 години затвор поради нанесена тешка повреда од која настанала смрт

Вчера во 17.50 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле 45-годишниот Г.Ш. од Велес кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од осум години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ од која настанале смртни последици, казниво по член 131 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено - поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната.