Полициски службеници на СВР Тетово вчера претпладне, врз основа на судска наредба, го привеле М.С. (23) од Тетово за издржување затворска казна за сторено кривично дело „насилство“.
– Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа – Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.