
22-годишник од Мала Речица е приведен под сомнение дека со компјутерска измама одреден период користел паркинг-услуга во Тетово без да плати.
„На 13.10.2026 во 20:15 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.Ш.(22) од село Мала Речица, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело ‘компјутерска измама’ по член 251-б од Кривичниот законик“, информираат од МВР.
Тој е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.