Приведен сопственикот на депонијата која гори во Визбегово

Полицијата го приведе сопственикот на депонијата која гори повеќе од два часа кај Визбегово, дознава 4NEWS.mk.

Во моментот на приведување, сопственикот даде отпор на полицијата по што настана и физичка пресметка.

Нападната била и телевизиска екипа која прва пристигнала на местото на настанот.

Според информациите, еден од вработенитеи физички ги нападнал и им ја скршил телевизиската камера.