Приведен скопјанец во близина на Штип

Скопје, 14 јуни 2021 (МИА) – На 13.06.2021 во 23:10 часот на магистралниот пат Штип-Велес, во нас.Три чешми, полициски службеници го лишиле од слобода В.Т.(38) од Скопје.

При преглед во патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.