Приведен скопјанец поради џебни кражби

На 23.03.2023 на автобуска постојка на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, полициски службеници од Одделението за криминалистичката полиција при ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Р.А.(43) од Скопје.

-Тој бил фатен при извршување џебна кражба, при што од јакната на В.Л.(76) од Чучер Сандево, скопско, одзел мобилен телефон. Исто така, тој бил баран и поради сомнение за извршени уште две џебни кражби на подрачјето на Скопје. Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, информира МВР.

По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.