Приведен скопјанец по распишана централна потерница

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 15 часот на ул. „Браќа Чакреви“ го лишиле од слобода С.Д. (55) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница за издржување  казна затвор за сторено кривично дело.

Лицето, како што соопшти денеска МВР, било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната