Приведен скопјанец кој е осомничен за физички напад

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје вчера извршиле службен разговор со П.К.(24) од Скопје кој се сомничи дека во саботата физички ја нападнал 21-годишната М.К. 

Од МВР денеска информираа дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.