Приведен скопјанец баран со централна потерница

30 годишник од Скопје е лишен од слобода, денеска во 11.55 часот, во населба Лисиче, Скопје. 

За него била распишана централна потерница од Основен кривичен суд – Скопје со која се барал за издржување затворска казна од година и пол за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

Од МВР информираат дека лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.