Приведен синот на Мијалков

Синот на Сашо Мијалков, Јордан е приведен на распит во полициска станица, јавува ТВ 24.

Како што објави телевизијата, од Јордан се бараат сознанија за бегството на неговиот татко.

Премиерот Зоран Заев побара истрага за бегството за ексдиректорот на тајната полиција и најави одговорност доколку се откријат пропусти. Уверува дека не постои никаков политички договор меѓу него и Мијалков.

Опозицијата, пак, реагира дека се потврдиле тврдењата за коалицијата меѓу Заев и Мијалков.