Приведен разбојник во Кочани

По претходно добиени оперативни сознанија, а по распис од СВР Скопје – Полициска станица Чаир, денеска околу 11:00 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.И.(36) од Кочани за сторено кривично дело „разбојништво“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додадоа дека тој ќе биде предаден во СВР Скопје за понатамошна постапка.