Приведен полициски службеник кој земал мито од 6000 денари

Полициски службеник кој земал поткуп од 6000 денари за да прикрие прешкрок, попладнево бил приведен од страна на Министерството за внатрешни работи. Оваа информација на својот фејсбук профил за објави Министерот за внатрешни работи. 

Имено, полицискиот службеник со цел да не преземе службени дејствија во смисла на изготвување на платен налог за наводно сторен прекршок побарал и примил поткуп.  Од страна на полициски службеници бил приведен на местото кое претходно било договорено како место за предавање на поткупот. Полицискиот службеник е лишен од слобода и при прегледот од него се одземени парични средства во износ од 6000 денари кои биле кримтехнички обработени, напиша Чулев во својот фејсбук статус. 

Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство презема мерки за понатамошно постапување.

Вработените во Министерството за внатрешни работи имаат обврсла о се должни строго да ги почитуваат законските прописи. Во таа насока ги покувам и охрабрувам граѓаните да го пријавуваат секое прекршување на законите од страна на полициските службеници, додаде Чулев.