Приведен осуденик на 10 години затвор, пронајдено оружје

На 15.03.2022 во 21.25 часот на ул.„Карпошово востание" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги и Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода Е.К.(37) од Скопје.

Тој се барал по две централни потерници – од Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување казна затвор од 6 години и 9 месеци, а бил осуден на 10 години и 4 месеци затворска казна за сторени кривични дела по член .386, член 238 и член 236 од Кривичниот законик, како и од Основен суд Скопје 1 Скопје за истрага за сторено кривично дело по член 292 од Кривичниот законик.

При преглед кај него и претрес во домот каде престојувал, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол, куршуми, повеќе таблети во различни бои и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

Тој бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.