Приведен насилник во Арачиново откако нападнал полицајци

Завчера во Арачиново бил приведен 25-годишник. 

- На 04.03.2023 во 14.30 часот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода И.Ј.(25) од с.Брест, скопско, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информира МВР.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.