
Синоќа во 22:05 часот во населбата Питарница во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле С.Ш.(22) од Гостивар.
Од МВР посочуваат дека тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.